Вести Македонија Најважни

Во Пена се удави шест-годишно дете

Животот покрај реката Пена во тетовската населба Деребој заврши трагично за шест-годишно машко дете. Детската игра во дворот од семејната куќа го одвела до работ од реката. Се лизнало и паднало, а брзата река го повлекла неговот мало тело. Неговата мајка се фрлила по него, но не успеала да го спаси. Силниот водостој на пена веќе го однел многу подалеку од нејзините раце. Двајца соседи влегле во реката по мајката, и таа е извлечена на безбедно, но не и нејзиното дете. Цели 4 часа детското тело го бараа шест пожарникари, полицијата и спасувачки екипи.

  • Денеска Тим за брз одговор од ПОЗС – Тетово заедно со пожарникари од ТППЕ Тетово и припадници на Полицијата на Тетово беа ангажирани за пронаоѓање на 6 (шест) годишно дете, кој според сознанието паднал во Реката Пена, соопштија од Дирекција за заштита и спасување

Потрагата се раширила долж брегот на сите околни места. Пронајдено е во 17 часот. Детето е извадено, но без знаци за живот. Полицијата се уште врши увид и ги бара причините за оваа трагедија, а телото на детето е дадено на обдукција.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе