Вести Македонија Топ вести

Орце Камчев пријавен за издржување на казната во затворот во Шутка

Од затворот Скопје во Шуто Оризари за Телма потврдија дека денеска се пријавени за издржување на едногодишната затворска казна, двајца осудени со спогодба во случајот Империја. Станува збор за Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ. Одбраната на Камчев пак бара од Телма повлекување на веста со тврдење дека е невистинита и клевета.

-Добив известување дека двајца осудени за случајот Империја се пријавени за издржување на затворска казна во затворот Скопје. Казната треба да почнат да ја издржуваат на 1-ви јуни, изјави за Телма директорот на скопскиот затвор Филип Андов.

Истрагата за случајот „Империја“ по три и пол години заврши неoдамна. Имот на Камчев беше замрзнат со отварање на истрагата, а откако таа заврши судот го прифати барањето на обвинителството и замрзна имот вреден околу 32 милиони евра на Сашо Мијалков. Камчев пак се спогоди со обвинителството за делот со даночното затајување, доби една година затвор и уплати околу 5,2 милиони евра на државата преку УЈП.

Камчев и Јосифовиќ по спогодбата беа осудени на една година затвор, вчера им беше издаден упатен акт за издржување на затворска казна. Двајцата осуденици имаат право на жалба за одложување на казната, но дотогаш на сила е издадениот судски упатен акт со датум 1-ви јуни за почеток на издржување на казната.

Дополнување: 

Во меѓувреме, од неговиот адвокатски тим на Телма пристигна опомена пред тужба за објавената информација. Застапниците на Камчев тврдат дека информацијата на надлежните, објавена на Телма е невистинита и е клевета поради што бараат повлекување на информацијата за да не тужат.

„Изнесеното тврдење е невистинито бидејќи не станува збор за почеток на издржување на казната затвор на лицето Јордан Камчев во затворот Скопје во Шуто Оризари односно во случајот постои само неправосилен упатен акт“- тврдат адвокатите на Камчев според кого авторот со објавувањето на оваа информација има намера да му нанесе штета на честа и угледот на лицето Јордан Камчев.

Упатниот акт за издржување на казната за Империја е издаден вчера и беше објавен од Фокус и од други медиуми со судска потврда на информацијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе