Порастот на платите на администратицвците ќе го плаќаме со нови заеми и со поголем јавен долг- предупредуваат експертите. Бизнисот е категоричен дека во оваа криза не може да го издржи товарот од новите трошења. Владата пак молчи колку пари ќе требаат да се стивнат штрајковите на јавниот сектор. Најави и нов закон со кој платите на административците секоја година ќе растат. Пресметките на телма пак покажуваат дека 531 милион евра колку сега се предвидени за плати во администрацијата- сумата до крајот на годината ќе порасне за нови десетици милиони евра.
Сумата од над 530 милиони евра колку што се планираше дека годинава ќе не чинат платите на административците нема да биде доволна – до крајот на годинава ќе порасне за уште десетици милиони евра. За колку точно за сега никој не кажува-ниту влада ниту министерството за финансии. Пазарењето со процентите меѓу власта и јавниот сектор кој наголемо штрајкува и најавува протести, и десетте проценти покачување за просветарите кое со одлука го донесе вчера владата- ќе треба да се обезбедат со ребалансот на буџетот. Бизнисот е категоричен- ниту тие ниту граѓаните не можат повеќе да го издржи товарот. Велат прашањето е колку граѓаните им веруваат на услугите и чесноста на јавните функционери и на институциите кои ги финансираат.
Експертите се категорични – за раст на платите на административците пак ќе се задолжуваме- јавниот долг ќе расте. Спорно за нив е што надлежните молчат и не излегувата со премстките.
Во недостаток на официјални информации од надлежнитe-Телма се обиде да пресмета- колку ќе чинат понудените 10 проценти раст на платите во образованието. Во буџетот за годинава за плати на просеветарите се предвидени 76 милиони евра, а со 10 -те проценти плус годишно тоа би чинеле 7,6 милиони евра плус или вкупно 83,8 милиони евра. За шест месеци пак, како што се планира со ребалансот- тоа би биле околу 3,8 милиони евра.
Но што покажува преесметката доколку се зголемат сите плати во јавниот сектор за 2.800 денари како што бара ССМ? Во јавниот сектор работат 138.000 лица, од кои остануваат околу 110.000 плати кои се над минималната и треба да пораснат.
Пресметките на синдикатот покажуваат дека тие 2.800 денари ќе го чинат буџетот плус 7 милиони евра месечно или 83 милиони евра годишно- односно дополнителни 41 милион евра за вторите шест месеци од годинава.
Владата најави и нов закон со кој платите во јавниот сектор ќе се усогласуваат секоја година со растот на просечната и растот на трошоците на живот. Тоа би значело дека ставката за плати на административците која во моментов е 531 милион евра- и наредните години ќе расте за нови и нови десетици милиони евра кои ќе ги плаќаат граѓаните.
Александра Филиповска
