Магазин Промо тв

Нападот врз кулите близначки во Њујорк- тема на втората епизода  на „Најсилниот глас“

Пет години по формирањето на Фоксњуз, главниот менаџер Роџер Ејлс (го глуми извонредниот Расел Кроу) веќе успева да ја донесе телевизијата во врвот.

Ненадејно два авиони се забиваат во кулите близначки во Њујорк, а терористичкиот напад ја носи телевизијата во пренагласени изливи на патриотизам и подбуцнување и поддршката на американската влада за да го нападне Ирак.

Втората епизода на „Најсилниот глас“ се вика 2001-ва.

Во реалноста, во овој период Ејлс успева да се наметне кај конзервативните гледачи во САД кои се збунети и исплашени од нападот, а бараат американска одмазда. Тој бран на исклучително нападно известување на Фоксњуз, му го носи првото место по рејтинзите во што особено ужива тогашната американска администрација на Џорџ Буш џуниор и потпретседателот Дик Чејни.

Популарноста и гледаноста на Фоксњуз помогна во растот на конзервативната Републиканска партија, но донесе и отворен простор за десничарските движења кои непречено ширеа омраза и лаги на програмата на Фокс.

Во почетокот на милениумот, телевизиските водители на Фоксњус станаа главни креатори на мислењето на територијата „меѓу двата брега“ каде Ејлс се обидува и наоѓа верна публика која ги голта содржините на телевизијата. Дополнително, Роџер Ејлс го зацврстува телевизискиот концепт со женски водителки, блондинки во сукњи, кој носи успех кај таргетираната публика.

Но, по 2001-ва и нападот врз Светскиот трговски центар и Њујорк, Роџер Ејлс полека станува жртва на сопствената теорија на заговор, исплашен дека е цел на напади или на исламски екстремисти или на прогресивни левичари.

Телевизијата добива пратка со биолошки отров, а Ејлс по првичните тензии со луѓето од доверба на семоќниот сопственик Руперт Мардок, во борба за менаџерска независност се судира со синовите Мардок.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе