И во Македонија и во Бугарија има елементи и структури кои се обидуваат да го држат отворен спорот со Бугарија и закочен процесот за европска интеграција на државата и кои ќе бидат уште поактивни како што ќе се наближува решението во преговорите.
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, соопшти дека е известен од бугарските власти за лица од Македонија, вработени во државни институции, кои агитирале да не се постигне било какво решение и да не се потпише никаков договор со кој би се придвижиле процесите. Сепак Османи избегна да одговори прецизно за кого станува збор и дали се лица вработени во безбедносните и разузнавачките структури.
Засега нема докази дека протераните руски дипломати од Македонија работеле заедно со лицата кои во Бугарија се осомничени за шпионажа во корист на Русија но Османи е дециден дека контекстот на делување е ист.
Во разговорите со Бугарија постои сериозен напредок но мора да има договор за сите отворени прашања пред да се потпише било каков договор или протокол. Откако ќе се отстратант таквите пречки, Собранието, опозицијата и јавноста ќе бидат запознаени.
Шефот на дипломатија е дециден дека внесување на бугарското малцинство во Уставо може да се случи само во текот на преговорите никако пред почетокот додека истото прашање во Бугарија е решено со договорите од 1999 и 2017 година со кои Македонија се обврза дека нема да се меша во внатрешните прашања на Бугарија.
Наредните денови Османи ќе има средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, а се работи на утврдување на датум за втората меѓувладина средба.
Огнен Чанчаревиќ