Uncategorized Вести Македонија

Телма во Србија, каде утре се гласа на редовните претседателски, вонредните парламентарни и локални избори за Белград и 12 општини

Во Србија утре се одржуваат тројни избори. Граѓаните бираат нов претседател, нови пратеници во Собранието и нова локална власт во 12 српски општини. За разлика од изборите во 2020-та година, овој пат опозицијата учествува на изборите, а главната битка се води межу актуелниот претседател Александар Вучиќ и еден од опозициските кандидати, Здравко Понош. А, прашање е е колку пратенички места би освоила опозицијата, бидејќи со сега српското собрание функционираше без опозиција.

Во Белград е Марија Дивитарова, која разговараше со Раша Недељков, набљудувачка мисија ЦРТА.

  • Кога зборуваме начинот на кој известуваа медиумите, пред се електронските медиуми, од друга страна притисоците врз гласачите и на трето место институциите кои за време на кампањата практично работеа во интерес на политичките партии, оние кои на власт, а не во јавен интерес. Значи, кога зборуваме за тие три хронични проблеми на изборниот процес во Србија, работите, за жал не се подобрија- Недељков.
  • Различни дејствија со кои им се сугерира на граѓаните како да се однесуваат политички, дали за време на кампањата да и дадат поддршка на одредена политичка партија, да излегуваат на митинзи, да учествуваат во работи заедно со јавните претпријатија. Односно, ако не се ставиле себеси на располагање на партијата трпат одредени последици. Па така, на вработените во јавните институции, во јавниот сектор, им се укажува дека како последица може или да го изгубат работното место, или да не им биде продолжен договорот за работа- Недељков..

Утре од седум до 20 часот, 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места ќе ја одлучуваат судбината на Србија во наредните четири години, со економските и политичките предизвици, што ќе имаат влијание на целиот регион.

За претседателскиот мандат има осум кандидати – актуелниот претседател Александар Вучиќ, Здравко Понош, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ, Миша Вациќ и три дами – Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, Билјана Стојковиќ и Бранка Стаменковиќ. Според анкетите најголеми шанси за победа има актуелниот претседател и лидер на СНС Александар Вучиќ, за разлика од кандидатот на опозициската коалиција Обединета Србија, Здравко Понош. Самиот Вучиќ најави дека очекува над 60 отсто од гласовите, сè останато би било неуспех, особено одржувањето на вториот круг на претседателски избори.

На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица.

На гласањето за влез во Собранието во трка се 19 коалиции и листи. По бојкотот на изборите пред две години опозицијата настапува со повеќе изборни листи, од кои за влез во собранието најмногу шанси има коалицијата Обединета Србија на партиите на Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и ДС на Зоран Лутовац. Останатите ќе се борат за изборниот цензус од три отсто.

Според анкетите се очекува победа на „напредњаците“ на Вучиќ, влез во Собранието и на СПС на Ивица Дачиќ, кој настапува одделно на изборите и за кого процентот на гласови е значаен, заради добивање подобри позиции во идната коалиција со Вучиќ, поради што настапува под слоганот Дачиќ – иден премиер на Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Жежовски е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага

Дејан Дејан

Обвинителството ќе го истражува поткупот поради кој Груби и Беџети се најдоа на “црната листа“ на САД

Дејан Дејан

Буџетот за социјални услуги за 2025 година за 40% пократок од годинашниот креиран со ребалансот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе