Првиот ден од месец април ни носи нестабилност. Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен јужен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Во овие два дена ќе има и пренос на пустинска прашина од Африка.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
2 Попова Шапка, 6 Маврови Анови, Kрушево, 7 Претор, 8 Охрид, 9 Прилеп, Берово, 10 Тетово, Битола, Струмица, Дебар, 11 Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка, Виница, Гевгелија, 12 Штип, Куманово, Дојран, 13 Скопје – Петровец, Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
10 Маврово, 5 Пожаране, Дебар, 4 Охрид, Попова Шапка, Крушево, 1 Тетово, Претор.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
19 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/