Вести Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 1.4.2022

Првиот ден од месец април ни носи нестабилност. Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен јужен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Во овие два дена ќе има и пренос на пустинска прашина од Африка.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

2 Попова Шапка, 6 Маврови Анови, Kрушево, 7 Претор, 8 Охрид, 9 Прилеп, Берово,  10 Тетово, Битола, Струмица, Дебар, 11 Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка, Виница, Гевгелија, 12 Штип, Куманово, Дојран, 13  Скопје – Петровец, Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

10 Маврово, 5 Пожаране, Дебар, 4 Охрид, Попова Шапка, Крушево, 1 Тетово,  Претор.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

19 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците да кажат „не“ на Закон за игри на среќа, бидејќи 10.000 вработени се соочуваат со губење на работата, алармираат од Асоцијацијата на обложувалници

meteo

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе