Вести Временска прогноза

Убав пролетен ден – Временска прогноза за 26.3.2022

Утре ќе имаме пријатна временска состојба, нè очекува уште еден убав пролетен ден. Речиси насекаде ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, со дневна температура во интервал од 13 до 21°C. Ќе дува слаб променлив ветер.

Агропрогноза:

Во оваа седмица, особено во втората половина, вистинските пролетни услови за кратко време ја разбудија вегетацијата особено кај овошките од коскестите видови, каде се забежени сите фази на цветање, од почеток до завршеток на цветањето.

Ваквите временски услови се очекува да продолжат и во наредната седмица, со мала промена во понеделник, кога се очекуваат слаби врнежи од дожд, додека во наредните денови се очекува време со позитивни утрински температури и дневни кои ќе бидат во границите до 20°С, временски услови оптимални за земјоделските култури во овој период од годината.

Позитивните утрински температури ќе овозможат голем дел од метеоролошките станици во Македонија да ги одминат просечните датуми на последна појава на мраз, што на некој начин гарантира дека овие мразеви од изминатата седмица би биле и последните за оваа пролет.

Едновремено поволните временски услови ќе овозможат и работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на истите, потоа работи во тутунопризводството за сеидба на леи за производство на расад и вообичаени работи во градинарството во овој период од годината.

Информација од утрово:

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

39 Попова Шапка, 20 Крушево, 19 Маврови Анови.

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, -2 Битола, -1 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, Маврови Анови, 0 Штип, Охрид, Претор, Дебар, 1 Прилеп, Тетово, Попова Шапка, 2 Куманово, 3 Kрушево, 4 Гевгелија, 5 Виница, 6 Скопје-Зајчев Рид, Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Уапсен велешанецот кој се обиде да ограби црква па и побегна на полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе