Вести Економија Топ вести

Регионот по средбата – министрите си дале збор, а утре и одлуки дека Србија нема да забрани извоз на пченица за соседите

Министрите за земјоделие од регионот оствариле онлајн средба на која се ветени гаранции и дека со печницата ќе се тргува и нема да се ставаат забрани. Таква проака испратил и српскиот претставник на владата на средбата, но одлуките на владите дорпава ќе следат. Србија има над 800 илјади тони слободни за трговија ,а Македонија 45 тони резерва иако синоќа српскиот претседател во телевизиско интервју најави забрана за извоз отккако Украина, -најголемата житнца во Европа се затвора за извоз.

 

Се сретнале на интернет состанок но разговарале за земјишните посеви и житни резерви. На масата од соседите во регинот Србија има најмногу резерви или 800 илјади тони до следна жетва, Македонија само 45 илјади тони. И останатите земји кубурат со полупразни силоси, а претставниците на владите и министрите за земјоделство од регионот се договориле да можат да тргуваат со овој житен ресуср. Сепак, од усните договори требаа да следат и владини одлуки соопшти министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Забрани па се предомисли. Српскиот претседател, Александар Вучиќ ќе дава печница на регионот ако му потребно откако синоќа изјави дека недостигот на овој житен ресурс може да го запре извозот на пченица од Србија кон земјите од регионот. Денеска Вучиќ излезе и со бројка. Додека чекаат жетва на располагање северниот сосед има 800.000 тони резерва. Тој вели дека нема смисла да не ги дели резервите со соседните земји. Претходната недела Вучиќ изјави дека Македонија имала побарување од 25.000 тони пченица и пченка, но претставници  на македонските власти тврдеа дека државата не порачала туку најверојатно станува збор за приватни компании од Македонија.

Од Здружението на произведувачи на жито од Србија, „Жито-унија” регираа дека забраната за извоз на жито не е добра и е штетна бидејќи Србија ги има обезбедено сите потребни количества жито до овогодинешната жетва и има вишок од околу 200.000 тони пченица.

Унгарија веќе донесе одлука кој сака да извезува печница прво да ја праша владата, на што се противи европската унија. “Војната“ за овој ресурс допрва следи со оглед дека двете најголеми житници во светот се во инвазија. Дали ќе се сее и жнее, а ушто помалку колку и дали воопшто ќе се продава не се знаае, за што црвеното светло го вклучи и америка, но и други земји. Македонија според статиските помалку произведува откколу што троши за разлика од Србија со што земјата е зависна од увозот од овој прехранбен ресурс. Црвениот аларм се вклучи откако вчера Украина го ограничи извозот на житото за да се спречи хуманитарна криза. Додека Русија и Укрина војуваат перидот заради забранети извози процентот на тгувана печница ќе се намали за 30 отсто од вкупнот светско прозиводство.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе