Трговците бараат промена на ограничувањето на маржите и тоа да важи само за основни прехранбени продукти. Предлогот бил доставен до владините економски министри, а со предлогот Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија сметаат дека ќе се придонесе за помош на најранливите категории граѓани, а ќе може да функционираат и трговските оператори. Во спротивно, многу од трговците на мало ќе бидат принудени да откажат набавка на определени производи.
ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ЗА КОИ СЕ ПРЕДЛАГА ДА БИДЕ ОПРЕДЕЛЕНА МАРЖАТА
- Јајца од кокошка
- Брашно пченично тип 400
- Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено)
- Шекер бел козумен
- Ориз бел (без интегрален и бланширан, останати видови долго зрно, јасмин ….)
- Тестенини – само шпагети и макарони од мека и дурум пченица (без свежи тестенини, интегрални, пченкарни, био и безглутенски)
- Млеко кравјо УХТ 2,8%, 3,2% и 3,5% (да се исклучи овчо, козјо)
- Сирење бело кравјо (овчо, козјо, мешано, сите останати специјални видови сирења, раститетелни сирења – да се исклучат од листата)
- Урда кравја
- Свежо месо – пилешко, свинско, јунешко само кебап, плескавица, смеса , колбас, ребра (да се исклучат од листа ексклузивни видови преработки од типот Black Angus, млечно телешко)
Обработено месо (да биде исклучено од листата)
- Салама – посебна и паризер од свинско, пилешко, говедско месо ( да се исклучи целокупниот димен и траен прорам на сувомесни преработки)
- Виршла – пилешка, свинска, јунешка
- Колбас – пилешки, свински, говедски
- Кај свежо месо да се признае дозволеното кало од 15-16%
- Леб бел и полубел – цел и сецкан (да се исклучат сите останати лебови, интегрални, ржани, специјални лебови, миксови)
- Овошје –
-јаболки сите дорти
- Зеленчук
– компир, кромид, зелка, краставица, домат
Кај овошјето и зеленчукот да се признае законски дозволеното кало +15% маржа
– Трговците на големо да се дозволи да работат со 10% маржа.
Одлуката во делот на маржи да се дополни:
„Трговецот на мало кој исто така врши и сопствена дистрибуција на производите од централен магацин до малопродажните објекти да се дозволи дополнителни 5% трошок за манипулација и дистрибуција на производите, односно трговецот на мало со сопствена дистрибуција да пресметува 15% маржа”.
Во врска со последната одлука, со која се определува највисоката трговска маржа до 5 % на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата, донесена од Владата на РСМ на предлог на Министерството за економија, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, доставија барање за итна средба на која би се разгледала новонастанатата ситуација.
Од двете Здруженија при Комората и понатаму истакнуваат дека доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка.
Покрај веќе доставениот предлог за висината маржата, за која сметаат дека треба да биде во висина од 20 % во трговијата на мало, за да може мерката да биде прифатлива, компаниите бараат да се ревидира и листата на производи, односно да се намали само на основни артикли (околу 10 артикли). Ова од причина што сегашната листа не соодведствува со целта на мерката односно заштита на социјалната категорија на граѓани.
Многу поголем ефект за оваа категорија на граѓани би имало доколку мерките се насочени кон навистина неколкуте основни и важни производи за населението за кои е наменета мерката. Доколку Владата на РСМ не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени одредени производи во наредниот период да ги откажат, а нивниот недостатокот веке може да се забележи кај трговците на мало.
