Владата размислува за укинување на маржите за некои од основните прозводи за да се намали ценовниот шок за граѓаните, додека истовремено Здружението за трговија, Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија бараат ревидирање на мерката за замрзнување на маржите со нивно зголемување, но и изземање на некои производи од списокот на основни производи за кои се однесува мерката.
Откако цената на енергенсите ја активираше спиралата на инфлација со поскапување и на производството, но и на дистрибуцијата владата на 1 март мерката за замрзнување на цените на основните прозиводи ја замени со замрзнување на маржите за трговјата на големо на 5%, а на мало ма 10 проценти. Здруженијата на трговија, земјоделство и прехранбената индустрија бараат маржата на трговијата на големо да биде 10 проценти, а на мало 20 проценти, бараат и замрзнувањето на маржите на основните производи да се ревидира, поточно предлагаат свија листа на основни артикли, десетина, кои мерката треба да ги опфати.
Според нив замрзнувањето на маржата треба да ги опфати само јајцата од кокошка, пченичното брашно тип 400, сончогледово масло за јадење, но не и ладно цедено, белиот шеќер, белиот ориз, но не и интегралниот и другите видови зрна. Според нив ограничувањето на маржата треба да има за тестенините, но само за шпагетите и макароните од пченица, но не и интегралните и другите видови. Кај млеката само за кравјото млеко и прозиводите од кравјо млеко.
Се бара замрзнувањето на маржите да бдие само на свежото месо пилешко, свинско, јунешко, но без екслузивни нивни преработки и млечно телешко, а од обработеното месо да бидат змрзнати за саламите посебна и паризер, виршли, колбасите, со исклучување на целата палета на димени и трајни сувомесни производи. Замрзната маржа да имаат и само белиот и полубелиот леб, а од овошјата и зелечукот да важи тоа само за јаболката, компирот, кромидот, зелката, краставицата и доматот.
Од Стопанската комора предупредуваат дека доколку владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало да се откажат од продажба на некои производи.
Од здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, за Телма вели дека регулирањето на маржите на трговијата на големо и мало не е решение бидејќи зголемувањето на цените на енергенсите ќе го зголеми чинењето на производството во мелничко-пекарската индустрија.
„Треба владата да заземе став и на социјално загрозените категории граѓани да им обезбеди финансиска помош, а не тоа да го прави преку регулирање на маржите. Треба да најде модел за финансиска помош или на населението или на пекарската индустрија за да се намали цековниот шок“, вели Милетиќ.
Од Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија за Телма пак велат дека нивното барање до владат како антикризна мерка за намалување на ценовните шокови е субвенционирање на електрична енергија и достапност до пченицата од стоковите резерви за мелничко-пекарската индустријата.
Групација за производство на месо и преработки од месо пак при Стопанската комора пак со став пак дека поскапувањето на енергенсите не само што ќе ја зголеми цената на чинење на производите на оваа идустрија, туку таа е на удар и со замрзнувањето на маржите или нивно укинување. Според нив голем дел од производителите на месо и месни пртоизводи имаат и своја дистрибутивна мрежа.
Тамара Грнчароска
