Вести Економија

Finance Think: Постигнатото решение за усогласување на пензиите е коректно

Finance Think оценува дека постигнатото решение за  усогласување на пензиите е коректно поради тоа што не ја нарушува патеката на стабилизација на пензискиот фонд отпочната по 2019 година, и обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите. Сепак, нагласуваат, решението не е ново и оти постоело претходно пред укинувањето во 2019 година, а предложената промена е само реформулација на решението кое е и моментално во сила. За финсиската помош од вкупно 3.000 денари велат дека е оправдана, но, оти повеќе треба да биде насочена кон оние со пониски пензии. Сепак, нагласуваат, треба да се внимава со ад-хок покажувањата затоа што ако продолжат може да го зголемат дефицитот во пензискиот фонд.

Владата објави дека е постигната согласност со засегнатите страни околу формулата за усогласувањето на висината на пензиите, од сегашното решение за нивно усогласување со порастот на трошоците на живот, на ново решение за усогласување според просекот на порастот на трошоците на живот и порастот на просечната плата. Дополнително, владата определува тримесечен додаток во вкупен износ од 3.000 денари по пензионер, за покривање на зголемените трошоци за електрична енергија. Finance Think оценува дека ваквото прилагодување е коректно, наспроти претходните изјави за историски-најголеми зголемувања, од две причини – прво не ја нарушува патеката на стабилизација на ФПИОСМ што отпочна по 2019 година, и обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите, велат од Finance Think.

Сепак укажуваат дека формулата за усогласување 50:50 којашто се предлага сега е истата формула која постоела во референтниот закон заклучно со 2018 година, поради што таа не претставува новина во системот на пензиското финансирање.

Со измени на референтниот закон во декември 2019 година, се воведе одредба според која при пораст на минималната плата поголем од 15 отсто и на просечна плата поголем од 5 отсто, може да се изврши дополнително усогласување на пензиите во процент не повисок од порастот на просечната плата. Со оглед дека порастот на просечната плата во претходните години надминуваше 5 отсто, овој став овозможуваше адекватно усогласување на пензиите и со порастот на просечната плата. Според тоа, предложената промена е само реформулација на решението за пензиското финансирање кое е и моментално во сила, велат од Finance Think.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе