Поради енормниот раст на берзанските цени на нафтените дериват и јакнењето на курсот на доларот во однос на денарот, а согласно одлуката, од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 10,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 9,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 6,149 денар/килограм и сега ќе изнесува 54,319 ден/кг.
Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од РКЕ соопштуваат дека од сега натаму комисијата ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени.
