Вести Економија

Ковачевски: Да ја штедиме енергијата, бидејќи во следниот период неизвесноста ќе биде голема

Војната во Украина дополнително ја влоши енергетската криза затоа што се зголемуваат цените на главните енергенси за производство на струја, вели генералниот директор  на Државните Електрани Васко Ковачевски. Иако државата обезбедила одредени резерви на гас и нафта, сепак Ковачевски вели електричната енергија да се користи рационално, затоа што е неизвесно до кога ќе потрае кризата.

Ние успеваме да купиме капацитети барем за овој период до крајот на февруари и во текот на месец март. Очекуваме да имаме стабилна испорака и на електрична и на  топлинска енергија. Но мора да бидеме свесни и совесни, да ја штедиме енергијата, затоа што периодот кој претстои е неизвесен, не знаеме точно колку ќе имаме на располагање од овие ресурси, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ

Засега ЕСМ не увезува струја, домашното производство е доволно за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Но, оние што се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар се соочуваат со енормно високи цени.

Цените на берзите драстично се зголемен, над 400 евра за оваа и наредната недела. Тоа ќе прави дополнителен притисок врз домашните компании, институциите, сите снабдувачи кои имаат договори. Се подготвуваме и за еден таков   сериозен удар доколку има  со дополнително зголемување на домашните капацитети за производство на електрична енергија, вели Ковачевки

Во моментот вклучени се сите капацитети во државата за производство на електрична енергија. Ковачевски уверува дека домашните ресурси се стабилни, во РЕК Битола ископот на јаглен е интензивиран и работат два блока, за Осломеј се користи јаглен од сопствените наоѓалишта и од увоз. Работи и ТЕЦ Неготино, а во во функција се ТЕ-ТО и Енергетика Скопје.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе