Вести Економија

Влада: Во тек е подготовка на анализа и можни нови мерки

Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки коишто треба да се најдат во најскоро време на владина седница, информираше вечерва владината прес-служба по состанокот на Економскиот совет на кој се разговараше за актуелната економска состојба во земјава и за ризиците и последиците од руско-украинската криза врз економијата.

На состанокот, со кој претседавал премиерот Димитар Ковачевски, се разговарало за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории на граѓани со цел ублажување на ценовните шокови.

Била потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза.

Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја, се вели во соопштението од владината прес-служба.

На состанокот, покрај  членовите на Економскиот совет, присуствувале и претставници од академската заедница, гувернерката на Народната банка, како и претставници од стопанските комори, поголемите компании во земјата, синдикалните организации и експерти од економскиот и финансискиот сектор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе