Нафта и нафтени деривати има доволно и нема место за паника, вели за Телма Марко Бислимовски првиот човек на РКЕ бидејќи 90% од количеството нафтени деривати го набавуваме од Грција.
Тој најавува одземање на лиценците за работа за неодговорните трговци кои креираат вештачки недостиг на залихи и ја ограничуваа продажбата на горива.
Инспекторатот синоќа примиле дојави за неколку законски прекршоци кај трговците со нафтени деривати во Скопје, Тетово и други градови. Казните се 4 илјади евра за правно лице. Обиколка на бензинските пумпи со Скопје направи Александра Филиповска.
