Вести Економија Македонија

БДП со раст од 2,3 проценти во четвртиот квартал од 2021 година

Бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 проценти, а како што информира Државниот завод за статистика,  во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2 отсто; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3; како и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3,1 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5 отсто.

Растот на БДП во првиот квартал  од минатата година изнесуваше  – 1,9 проценти,  во вториот 13,1 процент, а во третиот три проценти.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук напиша дека официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажаале дека 2021 година ја завршивме со раст на БДП кој е близу до проектираниот од 4,1  отсто.

-Државниот завод за статистика објави дека растот на нашата економија во 2021 година изнесува 4 отсто. По падот од 6,1  отсто во 2020 година, во 2021 година која беше година на заживување на економската активност од вториот квартал излеговме од рецесија и постигнавме раст од 13,2 отсто и со позитивни стапки на раст во следните два квартала, годината ја завршивме со стапка на раст од 4 отсто, напиша Бесими.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе