Само пет дена беа доволни економските санкции кои ги воведоа ЕУ, САД и сојузниците да го разнишаат рускиот монетарен и банкарски систем и да го доближат кон целосен колапс.
Од денееска познато е и кои сеудм руски банки се исклучени од СВИФТ системот а најпозната меѓу нив е втората по големина ВТБ банка.
Најголемата руска банка, „Сбербанк“ и „Газпромбанк“ која е трета по големина, не се на листата бидејќи преку нив се оди најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.
„Сбербанк“ пак денеска соопшти поради огромни одливи на средства од сметките на своите клиенти под ризик е ликвидноста на банката и поради тоа ги затвара експозитурите во Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
Од банката соопштија дека имаат доволно капитал да ги исплатата своите штедачи кои се осигурани според локалните зaкони.
Проценките се дека во 2020 година капиталот на европските експозитури на „Сбербанк“ се 13 милијарди евра а минатата година банката пријавила профит од 11,2 милијарди евра.
Британската Влада во неколку наврати истакна дека официјален Кремљ има контролен удел во банката.
Московската берз веќе трет ден остана затворена, нема тргување со акции и со тоа се спречува падот на вредноста на акциите но и на руската рубља која од почетоткот на нападот врз Украина загуби 20 отсто од својата вредност.
За да ја зачува стабилноста руската Централна банка ги зголеми каматите на 20 отсто а граѓаните се обидуваат да извадат што е можно поголеми суим на рубљи и девизи во кеш, се соочуваат со проблеми со бесконтактното плаќање а повеќе не може да се издаваат и нови кредитни картички.
Како контра мерка на санкциите кон Русија, претседателот Путин денеска со нов декрет според кон руските државјани не може да ја напуштат Русија со повеќе од 10 илјади долари во кеш.
Со првиот декрет од вчера им беше забрането на странските инвестироти да изнесуваат капитал надвор од Русија.
Воениот судир и економските санкции засега не приедизвикаа сериозни шокови на цените на нафтата и природниот гас, а денеска цената на нафтата е покачена за 4 отсто и се движи меѓу 104 и 108 долари додека цената на природниот гас бележи незабележителни промени.
Целта на економските санкции се и девизните резерви на руската Централна банка во висина од 640 милијарди долари од дел се наоѓаат во странство а за прв пат Швајцарија ги замрзна сметките на над 360 руски милионери и милијардери кои и покрај тоа секојдневно се соочуваат со огромни загуби.
Огнен Чанчаревиќ
