Вести Најважни Свет

Ситуацијата во Украина се потензична, можна средба Бајден – Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон успеал да ги убеди Бајден и Путин да се сретнат и да разговараат за украинската криза. Конкретни датуми за средбата нема, но Бајден начелно се согласил и дал дозвола да се организира. Но, радоста од успешната телефонска дипломатија на Макрон траеше кратко. За Кремљ, се уште е прерано за конкретни планови за некаков самит меѓу светските лидери. Иако велат дека остануваат отворени за дијалогот.

Средбата е можна ако двајцата лидери проценат дека е корисна. Засега, јасно е дека дијалогот треба да продолжи на министерско ниво, ИЗЈАВИ ДМИТРИЈ ПЕСКОВ, ПОРТПАРОЛ НА КРЕМЉ

Следната средба на министерско ниво е закажана за четврток. За Вашингтон дипломатијата се уште е жива, а Путин се уште има време да се повлече.

Продолжуваме да се обидуваме да изградиме сè што можеме за да го одвратиме од курсот на кој сега е поставен и до последен момент, сè уште постои опција тој да се повлече, ПОРАЧА ЕНТОНИ БЛИНКЕН, ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД

Состаноци на сите можни нивоа и разговори поддржува и Европската унија. Се само да се избегне војната. Украина исто така е на страната на дјалогот, но велат дека без нив тие преговори не смеат да се водат, но претпазлива е кога Америка ја убедува дека при евентуалниот напад Киев би бил една од главните цели.

Тие можеби имаат таков план, па дури и дефинитивно е подготвен. Убеден сум дека постои и останува политички и дипломатски маневар за да се избегне војна од големи размери. Ним им треба одредено време за да формираат ударни единици, СМЕТА ОЛЕГ РЕЗЊИКОВ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА УКРАИНА 

 

На истокот од Украина не престануваат пукотниците. Дел од оние кои можеа веќе избегаа од домовите, но цивилите кои остануваат продолжуваат со воената обука. Но, најтешко е во пограничните села. Војната тука одамна е почната. Изминатата ноќ жителите на доњецкото село Новогнативка се симнаа во скирвниците. Утринава со солзи ги броеа дупките од куршумите во нивните куќи. За овие луѓе бегството од домот е губење на се што создале. Ги молат сите да се договорат и да престанат пукотниците.

  • Полошо е од 2014-та. Тогаш помалку пукаа. А сега секој ден се пука кон нас. На работ на нервен слом сме, а нема каде да бегаме. Разбирате? Запрете ја војната. Кажете им на Зеленски и Путин да го запрат ова. Не можам веќе вака да живеам.
  • Само гледам експлозии, уиштување. Не знам кој пука на нас, не сум специјалист, не го знам тоа, но не можам веќе…чесен збор не можам…

Во изминатите 24 часа, имало 80 прекршувања на примирјето во Украина од страна на руската војска, тврдат Украинците. Санкциите против Москва се подготвени, но сите се воздржани да ги воведат. Вашингтон смета дека тие само би ја влошиле и онака опасната ситуација, а нападот би бил неизбежен.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе