Вести Наука и здравје

Компанија на Илон Маск призна дека убила 8 мајмуни во експерименти

Неуралинк, биотехнолошката фирма во сопственост на Илон Маск, призна дека убил осум мајмуни додека ја тестирал технологијата на мозочен чип.

Проектот за „мозочен чип“ на извршниот директор на Тесла и Спејс Икс, Илон Маск, Неуралинк, во порака објавена на својот официјален блог призна дека неговите истражувачи морале да еутаназираат 8 мајмуни „макаки“ за време на нивните експерименти.

„Како дел од оваа студија, 2 животни беа евтанизирани на закажаните датуми за да се соберат клучните хистолошки податоци, а 6 животни беа еутанизирани по медицински совет на ветеринарниот персонал во Универзитет Калифорнија Дејвис“, пишува во објавата.

Фирмата ја бранеше употребата на животни во студиите и ги негираше тврдењата дека ги изложува мајмуните на „екстремна болка“.

Од компанијата додаваат дека „сите нови медицински помагала и третмани“ мора да се тестираат на животни за тестирањето на луѓето да биде етички прифатливо.

Во исто време, компанијата тврдеше дека е посветена да работи со животните на најхуман и етички можен начин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Израелски полицаец фрли шок бомба во автомобил со Палестинци и ја блокираше вратата на возачот

Sasko Dimovski

Деветмина управувале со пловни објекти низ Охридско Езеро пијани, а кај секое второ пловило се утврдени пропусти во безбедноста

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти во август и во септември ќе се вклучат во работата на општините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе