Во провинцијата Итури во Демократска Република Конго во напад на бунтовниците загинаа 17 цивили.
Според извештаите во националните медиуми, регионот Џугу бил нападнат од бунтовничката група наречена Алијанса за развој на Конго.
Напаѓајќи со мачети, бунтовниците убија 17 цивили, меѓу кои 5 деца.
Претседателот Феликс Цисекеди прогласи „воена опсада“ на 7 мај 2021 година, со цел да ја контролира безбедноста во источните провинции Северен Киву и Итури, каде насилството ескалира.
Армијата на Демократската Република Конго и Уганда спроведуваат заеднички операции на истокот на Демократската Република Конго за борба против бунтовничките групи кои дејствуваат во регионот од 30 ноември 2021 година.
Се проценува дека илјадници цивили загинале од 2014 година во нападите на бунтовниците кои дејствуваат на истокот на земјата.
Источниот дел на Демократската Република Конго, каде што се наоѓа границата со Руанда, Уганда и Бурунди, е место на напади и судири на вооружени групи кои веќе 20 години се обидуваат да ги контролираат рудниците како злато и кобалт.
