Вести Македонија

Boведен единствениот број за итни повици 112

Скопјани од денеска за итни повици ќе можат да вратат на бројот 112. Почнува да функционира телефонската линија како единствен повикувачки број кој важи на целата територија на Европската Унија. Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, граѓаните со едноставно вртење на 112 можат да ја добијат која било услуга, односно доколку имаат каков било итен случај и потреба од државата.

За почеток, телефонскиот број 112 ќе функционира само на територијата на Скопје. Откако ќе се тестира системот, по десеттина дена ќе започне со работа и на територија на цела држава бидејќи се работи за комплексен систем што во себе обединува неколку различни субјекти, министерства, противпожарните единици кои што со Устав се децентрализирани односно се во надлежност на самите општини и итната медицинска помош.

– На единствениот повикувачки број граѓаните ќе добиваат услуга без разлика за каква опасност се работи. Нашиот оператор во реално време веднаш ја гледа локацијата од којашто го добива повикот без разлика дали се работи за фиксна телефонска линија или мобилна телефонска линија. Со внесување на податоците во системот во компјутерот со стискање на едно копче истовремено овие информации одат на трите места и во полиција, и во брза помош и во противпожарна единица со што во иднина на граѓаните ќе им биде олеснето, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната промоција на линијата за итни повици.

Системот ќе започне со работа во осум оперативни центри, покрај Скопје тој ќе функционира и во Тетово, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид и Битола, сите опремени согласно европските директиви за оваа намена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе