Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Повреден човек лежи на асфалтот кај постојката за автобуси во Кисела Вода

ИСПРАВКА: По синоќешната објава на telma.com.mk за повреден човек во близина на постојката на ЈСП кај општина Кисела Вода, полицијата испрати сопштение од билтенот за несреќата во кој стои дека нема повреден пешак туку во сообраќајката е повредена двојка по удар со автомобил во канделабра.

-На 29.01.2022 во 23.30 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Скопје удрилo во канделабра. По незгодата, Д.А. и неговата сопатничка А.А.(44) од Скопје биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од страна на доктор им биле констатирани повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, објавија од МВР.

Според жители од тој дел на Скопје, кои ги пратија фотографиите на Телма, сообраќајната незгода се случила околу 23 часот кога по силен удар забалежале човек кој лежи на коловозот.

Повредениот лежеше на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје.

Повеќе присутни граѓани му помагаа и беше повикана Итна помош. Присутните цело време ги пренасочуваа и ги предупредуваа автомобилите кои се движеа од Кисела Вода кон Центар за да не го удрат повредениот.

Тој остана на асфалтот и никој не го помрднуваше затоа што на тој начин можеа да му ги влошат повредите.

Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.

Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

Полицијата денеска соопшти дека имало двајца повредени (маж и жена) и дека биле повредени по удар во канделабра со сопствено возило без објаснување зошто еден повреден лежеше на улица надвор и подалеку од автомобилот.

 

Градските автобуси наместо по тетовските улици, гаражирани, а јавното претпријатие во застој

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските шуми се сечат безмилосно- од пилите на дивите сечачи годишно се оголуваат 20 до 25 илјади кубни метри

Дејан Дејан

(Видео) Пламна куќа во близина на Универзална сала

Дејан Дејан

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе