Вести Магазин

Летечки автомобил добил дозвола за летање во Словачка

Летечки автомобил од Словачка доби официјална дозвола за летање како авион, соопшти портпаролот на словачкото Министерство за транспорт.

Производот на Klein Vision во словачкиот град Нитра наречен AirCar е мешавина од автомобил и мали авиони.

Првиот лет меѓу аеродромите во двата града го имаше во јуни 2021 година.

За половина час летал од Нитра до словачкиот главен град Братислава, оддалечен 75 километри.

Оттогаш, тој успешно ги завршил сите тестови потребни за да добие официјална дозвола за летање со словачките воздухопловни власти, објави Klein Vision.

Хибридниот авион досега имал 200 полетувања и слетувања и вкупно 70 часа лет.

Компанијата планира во блиска иднина да понуди директни летови меѓу Париз и Лондон.

AirCar, развиен од основачот на компанијата Стефан Клајн, може да се вози на пат како обичен автомобил, а откако ќе ги рашири крилата, се трансформира во авион за нешто помалку од три минути.

Клајн и неговите партнери веќе го претставија хибридниот модел, првично наречен Aeromobil, на неколку меѓународни саеми за автомобили од 2013 година, предизвикувајќи светска сензација.

Подоцна, Клајн се раздели со своите финансиски партнери и основаше своја компанија, која сега сака да влезе на пазарот со летечки автомобил наречен AirCar.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе