Македонија Најважни

Оптимистички тонови и од македонскиот и од бугарскиот премиер по заедничката седница на двете влади

Добро завршена работа. Вака двајцата премиери на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, денеска ја оценија работата на министрите во работните групи договорени пред една недела во Скопје за приближување и унапредување на односите меѓу двете земји.

Работните групи, четирите новоформирани, но и таа за историски прашања, денеска договориле динамика, но и конкретни чекори за соработка, а потпишани се и три меморандуми за разбирање во делот на железничко поврзување, поддршка на претрпиемништвото, и моморандум за разбирање во земјоделието. Работната група која прва ќе има состанок идната недела, договорено на денешната заедничка владина седница на македонската и бугарската влада во Софиија е работната група за економија, трговија, финансии и замјоделство.

Но, освен темите кои треба да ги зближат двете земји, денеска на средбата меѓу двајцата премиери, заедно со министрите за надворешни работи, биле отворени и прашањата кои ги разделуваат Скопје и Софија. Политичките прашања т.н. пет плус едно барање со кое Софиија го услови стартот на преговорите на Македонија со Европската унија, како што информираше Ковачевски, ќе бидат во надлежност на министерствата за надворшени работи на двете земји.

Неофицијално политичките прашања ќе се решаваат во целина и ќе бидат ставени во рамка врзани со кревање на ветото од страна на Бугарија. Решението исто ќе треба да биде институционализирано во двете земји.

Македонската делегациија покрај пофалби за успешниот старт на дијалогот со бугарските колеги, кои стигнаа и од шефот на бугарската држава, Румен Радев, од него доби и потсетување за исполнување токму на пет плус едно барањата од Бугарија.

Ковачевски на средбата со Радев пак порача дека токму политичарите се тие кои треба да гарантираат дека решенијата ќе го штитат достоинството на граѓаните и во двете држави.

Ковачевски инаку на прес-конференцијата информираше кога Македонија ќе ги впише Бугарите во макеоднскиот Устав.

Бугарскиот премиер пак во делот на политичките прашања се осврна конкретно на работата на историската комисија, чии копретседавачи Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров исто така денеска во Софија имаа средба и договорија ново темпо на работа, а Петков кој соопшти дека нема да има промена во тимот на бугарските историчари, сепак очекува брзи резултати од комисијата за историја.

Петков инаку денеска рече дека новиот воспоставен дијалог меѓу двете земји треба да го замени национализмот и говорот на омраза, а порача дека граѓаните очекуваат резултати, а не политички изјави.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе