Вести Македонија Најважни

(видео) Ковачевски: Меѓувладината седница е успех, ќе и покажеме на Европа дека на Балканот може да се соработува

Меѓувладината седница е успех, бидејќи само по една недела од нашата прва средба со бугарскиот премиер Кирил Петков договоривме поконкретно да работиме на теми кои ќе ја подобрат економијата, инфраструктурата, иновациите, образованието, културата, на се она што значи подобра комуникација меѓу граѓаните, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на меѓувладината седница на двете земји, што се одржува во Софија.
Сето ова, додаде тој, треба да и покаже на Европа дека на Балканот може да се соработува и дека двете земји ќе воспостават пример за успешна соработка.

Од тие причини денеска нашите колеги од двете влади ќе работат не теми од областа од инфраструктурата и тоа конкретно Коридорот 8 во сите негови делови, патната и железичката поврзаност, но и во делот на телекомуникациите, рече Ковачевски.

Тој напомена дека меѓудругото ќе се разговара и за теми од областа на образованието, нагласувајќи дека кога го поврзуваме образованието ги поврзуваме младите, ја зголемуваме нивната мобилност, размената на идеи, размената на знаење, што дава поголем синергиски ефект.

Петков на отворањето истакна дека пред нивната средба во Скопје, односите меѓу Северна Македонија и Бугарија биле на многу ниско ниво, но од она што досега е постигнато во втората недела од неговата работа со Ковачевски му дава надежи дека нештата ќе се одвиваат во позивитна насока.
Оваа денешна средба покажува во која насока нашите односи ќе се развиваат. Тие ќе бидат засновани на вистина работа, вистински средби, вистински резултати. Најважното нешто за политиката е да се развива за доброто на двата народа. Нема ништо подобро од тоа да работиме заедно, да имаме отворена економија, инфраструктурна поврзаност, да имаме заеднички календар, да говориме за европската интеграција и внимателно да ги следиме општествените теми, вклучително и историјата и човековите права, рече Петков.

Тој нагласи дека има голема надеж дека работите ќе се одвиваат во позитивна насока, напоменувајќи дека уште вчера на заедничката вечера некои од министрите од двете земји наместо да си заминат веднаш започнале да ги планираат специфичните мерки, кои треба да ги спроведат во нивните сфери.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе