Македонија

Петровска: Македонија ќе ги следи одлуките на НАТО за Украина

Во вечерашната Топ тема на Телма министерката за одбрана Славјанка Петровска посочи дека Македонија ќе ги следи одлуките на НАТО и го поддржува суверенитетот на Украина.

Целосно го подржуваме територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Секако, како земја членка на НАТО ја подржуваме и се залагаме за политиката на „отворени врати“ и правото на секоја земја, вклучително и Украина, за самоопределување, изјави министерката Петровска.

Таа додаде дека според информациите кои ги добиле од интерните канали на комуникација во официјалните НАТО структури, во тек се дипломатски преговори за решавање на спорот. Министерката исто така рече дека нашата земја до сега не добила од Русија никакви барања, како што добија Романија и Бугарија да се повлечат од НАТО.

Во дебата помеѓу поранешниот дописник од Москва, Мирче Адамчевски и професорот на Факултетот за безбедност Маријан Ѓуровски, беше посочно дека не се очекува голем вооружен конфликт, но не се исклучува да има судир во Украина.

Јас мислам дека нема да има војна, се разбира доколку не дојде до некоја провокација од украинска страна, затоа што Русите официјално изјавуваат дека тие немаат намера да војуваат, а состојбата е таква уште од април минатата година, оцени Адамчевски.

Професорот Ѓуровски смета дека иако се помали шансите од вооружен конфликт меѓу Русија и Украина, сепак не можат да се исклучат.

Сметам дека на крајот и овој конфликт сепак има избор на три елементи. Дали ќе има воен конфликт помеѓу Русија и Украина, помали се шансите но не можат да се исклучат. Да се одземат, евентуално, визите и да се забранат дозволите за престој на руските граѓани на територии надвор од Русија. Или евентуално да продолжи снабдувањето со оружје, вели професорот Ѓуровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Најголема излезност до 15 часот има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

Одѕивот до 13 часот е околу 20 проценти – мирен изборен ден во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе