Вести Македонија

Проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната влезе во завршната декларација на Парламентарно собрание на земји од Југоисточна Европа 

Проблемот со професионалните возачи и превозници во Шенген зоната влезе во Завршната декларација на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на земјите во Југоисточна Европа(SEECP) што се одржа во Софија.
Македонската делегација ја предводи спикерот Африм Гаши, а членови се и пратениците Петар Ристески и Илир Демири. Ристески на Фејсбук напиша дека е задоволен што амандманот за професионалните возачи го поддржале сите пет земји членки на ЕУ кои учествуваат на SEECP(Словенија,Хрватска,Романија, Бугарија и Грција).
Со компромисниот амандман како дел од Завршната декларација се бара властите на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа заедно да најдат прифатливо решение за сите транспортни и логистички прашања во Шенгенскиот регион и во регионот на Југоисточна Европа.
Пред да се усвои амандамнот, Ристески се обратил пред  пратениците и ја истакнал потребата од итно и трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната – реколе дека дека е неопходно да се најде одржливо решение за проблемот со ограничувањата на престојот на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт.
Посебно го нагласил проблемот со кои се соочуваат возачите на камиони и транспортери од Македонија и земјите од регионот, а поради примената на правилата за престој во Шенген зоната.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

Дејан Дејан

ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма, бара СДСМ

Дејан Дејан

На 89-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе