Македонија Најважни

Да се забрза истрагата, и да се разјаснат причините за автобуската несреќа во Бугарија, молат рoднини на загинатите

17-годипшниот син и снаата му загинаа во несреќата во Бугарија, брат му е на раб на самоубиство. Другиот син не сака да оди во училиште без братот со кого секој ден заедно оделе на часови, сопругата постојано му плаче, а него, покрај тагата, најмногу го мачи и чувството на немоќ од безуспешните обиди да добие одговори – што точно се случило? Бара забрзување на постоечката и паралелна истрага за причините за автобуската несреќа во која загинаа 45 лица.

Роднините на загинатите бараат информации и за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс”. Пајазитовски има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.

Од Обвинителството тврдат дека, личните работи кои се испратени од бугарското обвинителство се запечатени и се наоѓаат во македонското Mинистерство за надворешни работи. Се чека МВР да направи попис, за да се види што се има, по што ќе бидат предадени на роднините. Сѐ уште трае предистражната постапка и уверуваат дека тоа ќе се случи во најбрз можен рок.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките и патната ифраструктура.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината.  Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе