На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради осветувањето на водите на овој ден. Верниците се поздравуваат со зборовите – Бог се јави!
Од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА и годинава поради пандемијата од ковид црквата со апел верниците да ги пичуваат мерките за заштита од корона вирусот.
Но и покрај тоа гужвите на мостот Слобода денеска беа големи. Присутни беа и премиерот Ковачевски и градоначалничката Арсовска.
Во реката Вардар наместо најавените 10 лица, влегоа десетици верници, кои имаа сосема поинаков договор од изминатите години, од што беа изненадени сите присутни. Годинава тие се договориле да не примаат материјални поклони и да го посветат крстот на сите фаќачи. Крстот во водите на Вардар го фати Игор Јакимовски.
