Вести Македонија Најважни

По едногодишна корона пауза – среде омикрон бранот се враќа традицијата на фрлање по крстот за денешниот празник Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжува традицијата на положување на крстот во осветените води. Вчера пак Македонија постави нов рекорд во бројот на заболени поради омикрон бранот, но оваа година нема посебни протоколи и забрани за православното чествување на Водици.

Најинтересна церемонија на чествување на крстот е во Охрид каде крстот се положува во водите на Охридското Езеро. Оваа година прв до крстот во езерото доплива Мартин Гоџо од населбата Варош, од која традиционално доаѓаат верниците кои први го фаќаат крстот во студените езерски води.

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода”, кај хотел „Холидеј ин”.

Одбележувањето почнува со празнична литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица од 9 часот. По нејзиното завршување, околу 11 часот ќе има литија од храмот до мостот „Слобода” и тука откако претходно ќе се изврши големиот богојавленски водосвет односно самиот чин на осветување на водите, крстот ќе биде спуштен во реката Вардар.

Од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ги замолуваат верниците кои сакаат да учествуваат во празничните богослужби, како и на оваа манифестација, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот.

Богојавление-Водици се одбележува и во другите епархии на МПЦ-ОА, како и во помесните православни цркви низ светот кои се водат според Јулијанскиот календар.

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе