Краткото име на земјава – Северна Македонија, од денеска повеќе не е проблем за Бугарија. Употребата на краткото име на земјава кое беше едно од пет плус едното барање кои Бугарија и ги испорача на Македонија, а кое Бугарија го сметаше како територијална претензија кон неа и бараше тоа од Македонија да биде дообјаснето со нота до Обединетите нации, е трнато од маса со договорот кој го постигнале македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
Но ако употребата на краткото име Северна Македонија е тргнато од корпусот барања кои Бугарија ги испорача до Македонија, денеска остана неодговорено прашањето која отстапка ја направила Бугарија и што друго за неа е прифатливо од одговорите кои Македонија уште пред повеќе од еден месеци и ги достави како одговор на шесте барања со кои Софиија го услови почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Бугарскиот премиер во два наврати не одговори на ова прашање велејќи дека сега фокусот е ставен на работните групи кои ќе се формираат.
„Се фокусираме на општите работи кои се можност за унапредување на нашите односи и заедно со тоа самите работни групи ќе се фокусираат на специфичните прашања кои треба заедно да ги решиме. Но можам да ве уверам дека денеска сум голем оптимист“, рече Петков.
Горливо прашање кое ќе се решава општо низ работните групи е прашањето од рамковната позиција на Бугарија од 2019 година за рехабилитација на жртивите на комунизмот кои се изјаснувале како Бугари, како и отстранување од учевниците и спомениците „бугарски фашиситички окупатор“.
„Ние ги потврдивме тие позиции, но во елементот за надградување до кој дојдовме и двајцата сфативме дека овие специфични прашања, да треба да бидат решени и да ќе ги работиме интензивно во заедничката работа, но ќе бидат во сосема различна димензија од онаа како што се поставени, во контекст на сите други работни групи. Така што одговорот е, да, на вашето прашање“, изјави Петков.
Петков пак беше многу појасен околу именувањето на македонскиот јазик и македонскиот народ, кои и на директно паршање избегна да ги именува како такви и го повтори заклучок на Советот за безбендост на Бугарија од минатата недела.
„Ние апсолутно го признаваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија како и користењето на сите ваши јазици како што се впишани во Уставот“, вака одговори Петков директно на прашањето да ги именува нацијата и неговиот јазикот чиј гостин е денеска.
По денешниот прес на двајцата премиери нејасно остана и прашањето како ќе продолжи работата на историската комисија. Ниту Ковачевски, ниту Петков директно не кажаа дали во Комисијата и новата работна група за историја која ќе се формира ќе дејствуваат паралелно или ќе бидат соединет, а со тоа Комисијата ќе претрпи измена.
Според неофицијлани информации од бугарската страна, работната група ќе биде инкропорирана во Комисијата за историски прашања, а Комисијата ќе претрпи кадровски измени.
Освен за овие прашања Ковачњевски и Петоков се договориле за отоварње на авио линија меѓу скопје и софија, која треба да почне со работа за два месеци. Договорена е и одржување заедничка седница на двете влади која треба да се случи на 25 јануари.
Петков денеска освен со Ковачевски се сретна и со шефот на државата, со претседателот на макеоднскот Собрание, парламентарните гурпи во собранието и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Пред да замине од Скопје Петков во бугарската амбасада ќе има средба и Бугарите во Македонија.
Тамара Грнчароска
