Вести Македонија Најважни

Дипломирале со просек 10, но со години не можат да најдат работа – брат и сестра од Битола се надеваат дека ќе добијат шанса во својата земја

Зоран Секуловски  е 36 годишен битолчанец, дипломиран психолог со просек 10. Нема ни ден  работен стаж во струката, иако бара работа повеќе од 10 години. Вели  не е член на ниту една партија, и  разочаран од секоја власт досега затоа што ниту една не го запре иселувањето на младите.  За Зоран тоа  е неправда,  пред се,  за државата,  која го губи интелектуалниот потенцијал, а потоа и за поединецот.

-Во изминатите 10 години и во време на СДСМ и во време на ВМРО-ДПМНЕ имам аплицирано на државни огласи за работа, но просекот 10 не ми донесе вработување. Со оглед на тоа што и лидерот на  СДСМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се доктори на науки сигурно знаат што значи просек 10 и сигурно знаат дека интелектуалците со висок просек се повеќе заминуваат од државата, затоа што не сакаат  да дозволат нивните дипломи да се сведат на хартија за виткање бурек, вели Зоран Секуловски од Битола

И  неговата 27 годишна сестра Снежана дипломирашe  со просек 10, но, таа на Правниот факултет во Битола. Таа работи во приватна фирма, но не на струката.  4 години бара работа како правник, а вели неа не  и помогна  ниту партиската книшка. Покрај факултетската диплома,  поседува уште триесетина  сертификати, признанија и  препораки, но и тоа не  доволно да го оствари својот сон и да најде вработување  за она за што се школуваше.

-Сакам да ги запрашам и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои ќе ја бараат довербата на парламенетарни избори, дали тие не наведуваат да заминеме во странство, како што заминаа многу наши сограѓани, затоа што тука немаме никакви шанси и можност, па во странство да придонесеме со нашите капацитети. Сакам да прашам дали јас и мојот брат со нашите компетенции и квалификации не заслужуваме две работни места во оваа држава, вели Снежана Секуловска.

Зоран и Снежана Секуловски, се надеваат дека ќе добијат шанса во својата земја, пред да заминат по белиот свет.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе