Владата ја прифати препораката за одложување на почетокот на второто полугодие во основно и средно образование.
Ваква препорака упати Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата од коронавирусот, која ја водеше премиерот Димитар Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

„Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари. Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови.” – напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.
