Вести Македонија Најважни

Ден на примопредавања на функциите – Ковачевски најави дека приоритет ќе му биде решавање на енергетската криза

Уште еден портрет го закити ѕидот на поранешни премиери во владата. Портретот на Зоран Заев веќе е закачен во ходникот по кој помина актуелниот премиер кон своето ново работно место.

Десетина минути пред 9 часот,  досегашниот премиер, Зоран Заев, веќе го чекаше својот наследник, Димитар Ковачевски, кому му ја предаде функцијата.  Кусо споделија впечатоци од синоќешната седница за избор на влада, а подоцна Заев на Фејсбук им посака успех и нему и на министрите.

Само два часа подоцна, Ковачевски ја имаше и првата официјална средба со странски политичар, германската министерка, Ана Лирман.

Веднаш потоа,  му го претстави својот кабинет на претседателот Пендаровски.  Осмиот македонски премиер во тридеценискиот период од самостојноста на државата, стапува на функција во период на неизвесна евроинтаграција, здравствена, економска и енергетска криза. Најави дека со решавање ќе почне од енергетиката.

Ковачевски очекува добра соработка со Претседателот на државата, а ќе се обиде да воспостави комуникација со опозицискиот лидер Мицкоски, особено за решенијата на кризните состојби.

Од министерствата, свечено примопредавање имаше само во Министерството за одбрана.

Војниците, подофицерите, офицерите и вработените во Министерството, со почести ја испратија досегашната министерка, Радмила Шеќеринска, и ја пречекаа новата, Славјанка Петровска.

Сега веќе поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, му го отстапи еден од најжешките сектори на Беким Сали од Алтернатива. Успех во справување со ковид пандемијата јавно му посака на Фејсбук.

Зад затворени врати беше и примопредавањето во Министерството за труд и социјална политика, каде  Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од Јагода Шахпаска.

Досегашната министерка за култура, Ирена Стефоска ѝ ја предаде функцијата на Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Досегашниот министер за информатичко општество, Јетон Шаќири од ДУИ,пак, само ја смени фотељата со министерската во образование, која ја презеде од Мила Царовска.

Истото го направи и досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, кој и`ја предаде функцијата на новата министерка Славица Грковска и се врати  во министерската фотеља во Земјоделство.

Министерот Бојан Маричиќ, пак, му ја предаде функцијата на професорот Никола Тупанчевски и замина на повисока функција, вицепремиер за евроинтеграции.

Далиборка Демјанска Цветановск

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе