Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, во своето експозе пред пратениците во Собранието порача дека во новата Влада нема да има место за несоодветни и неспособни кадри.
Тој порача дека е доста од дневни политики.
„Програмата е насочена кон справување со енергетската криза, одржување животен стандард, борба против корупцијата, реформи во образованието, судството, намалување на невработеноста.“ – истакна мандатарот Ковачевски.
Ковачевски додаде дека ќе ги продолжи разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, и рече дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет.
Ковачевски додаде дека не чека тешка економска година.
