Затворена е темата за предвремени парламентарни избори, не бараме 100 дена грејс период, влегуваме во жарот на проблемите и предизвиците. Со овие зборови манадатарот Димитар Ковачевски во своето експозе им порача на пратениците дека работите мора да се менуваат, промените треба да почнат да се креираат и во политиката.Најзначајно место во програмата има економијата. Ковачевски вети справување со енергетската криза, одржлив животен стандард, зголемување на минималната плата и пензиите, изградба на Коридорот 8, Автопатот Кичево-Охрид, инвестиции во зелени извори на енергија, реформи во образованието, мерки за Ковид пандемијата, борба против корупцијата.
Ковачевски се осврна и спорот со Бугарија. Очекува дијалог и продолжување на преговоите меѓу двете страни.
Опозицијата со критики за новиот владин кабинет. Немаат доверба во Ковачевски и бараат брзи предвремени избори. Владејачкото мнозинство ги оцени како неосновани ваквите барања.Гордна Силјановска Давкова смета дека оваа Влада нема легитимитет.
Во меѓупартска пресметка влегоа и партиите на Албанците.
Седницата продолжува утре. Гласањето за новиот владин кабинет ќе бид еутре на полноќ.
Јулијана Пешевска
