Вести Македонија Најважни

Можно е приближување на односите меѓу Македонија и Бугарија доколку историјата се остави на страна

Нов импулс, но врамен во познатите црвени линии. Вака поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, ја толкува средбата на новите премиери на владите во Скопје и во Софија најавена за вторник, а која според него може да донесе резултат само доколку од политичките разговори се исклучи историјата и таа им се остави на научниците. Приодот на бугарскиот премиер Кирил Петков по прашањето на Македонија Ѓорчев го оценува како широко-опфатен.

„Но не може да избега од она што претставува нивни црвени линии во Собранието на Бугарија, нивната декларација и она што претставува став на целата бугарска политика и целото бугарско општество. Но, има надеж дека може да се преговара вон онаа блокадна состојба околу историјата, затоа што историјата секогаш е поглед кон минатото, а ние разговараме за иднината. Така што очекувам дека ќе се водат, би рекол, на повеќе нивоа разговори“, вели Ѓорчев.

Ѓорчев смета дека постои можност да се стекне доверба и почит меѓу двете земји, чии односи сега се наоѓаат на најниско можно ниво, и работите да се придвижат напред.  Но за тоа, вели, потребно е прво приближување на односите во делот на економијата, инфраструктурата, културата, туризмот, евроинтеграциите па дури потоа да се отворат и да се разговара за посензитивни прашања меѓу двете земји.

„Ако не ги направиме ние потребните зафати во она што не обединува како европски држави. Тоа е економскиот живот, промените административниот систем, политичкиот систем, во судскиот систем, тогаш нема потреба да разговараме за прашања коишто не влечат напред. Историјата е поглед кон минатото и таа не овозможува, нема содржина којашто би не упатила, да се рефлектира на погледот кон иднината“, смета Ѓорчев.

Шесте месеци пак кои ги најави Петков токму за придвижување на релациите меѓу Бугарија и Македонија Ѓорчев смета дека нема да бидат доволни.

„Јас мислам дека ќе биде многу подолго. Може да биде пократко ако се договорат на овој принцип – ако Македонија и Бугарија најдат начин да решат дека историјата ќе и ја оставиме на науката“, смета Ѓорчев.

За тоа дали постои енергија од бугарска страна за отстапки во делот на историјата за да се придвижат дивижат релациите меѓу двете земји, Ѓорчев смета дека е тоа можно само доколку историската комисија се ослободи од политичкиот притисок и работи само база на историски факти.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Покрај Скопје, Тетово и Штип и Битола ќе добие Медицински факултет, битолчани велат – Џабе го школуваме тој кадар кога не ги задржуваме тука

Дејан Дејан

Мајката на Данка бришела пораки и повици од телефонот на денот на исчезнувањето на девојчето

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе