Култура

Дарко Спасов нов в.д. директор на театар Комедија

Дарко Спасов, вработен како драматург во театарот Комедија, е назначен за в.д. директор на оваа театарска установа. Како што дознава Телма, решението од Министерството за култура веќе пристигнало во „Комедија“. Ова е последна одлука на министерката за култура во заминување , Ирена Стефоска. Спасов доаѓа на местото на актерката Магдалена Ризова Черних.

  • Oд страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа Театар Комедија – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа Театар Комедија – Скопје, согласно Меѓународната фраскатиева класификација, велат  во соопштение од Министерството за култура.

Ризова Черних беше поставена за в.д. директорка на театарот Комедија на 24 ноември минатата година, откако беше разрешена од истата функција Нора Шакири-Марковиќ. Образложението од Министерството за култура за Шакири- Марковиќ беше дека спротивно на Изборниот законик, Законот за спречување корупција и судир на интереси и Законот за заштита од вознемирување на работно место, во изборниот период спровела дисциплинска постапка против вработен кој не доаѓал на работа повеќе денови. За случајот од ДКСК рекоа дека Шакири не работела противзаконски.

Мандатот на Черних како в.д. директорка се поклопи со конкурсот кој Министерството за култура го распиша за избор на директор на театарот Комедија, но тој беше поништен и ни еден од тројцата кандидати од „ Комедија “ не беше избран зашто Статутот на театарот не е ускладен со Законот за култура.

Изборот на Дарко Спасов за в.д. директор го побараа вработените во „ Комедија“ од Министерството за култура, откако Нора Шакири- Марковиќ беше разрешена. Согласно законот Спасов како в.д. директор има мандат од 6 месеци, со можност тој да се повтори уште еднаш.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе