Вести Македонија Најважни

310 % повеќе заразени за една недела – нови мерки нема, заглавени се во дискусија на Комисијата за заразни болести

Ќе почекаат заразените, учениците, но и граѓаните. Комисијата за заразни болести денеска наместо нови мерки и предлози до владата одлучи да дебатира со денови. Редовниот состанок на стручниот табор бил искористен одново да се разгледа потребата од кратење на времето за самоизолација за асимптопамтските случаи од 10 на 7 дена. А, без одлука останал и предлогот да се продолжи зимскиот распуст за учениците по интензивирањето на пандемијата.

„На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата,“ се наведува во кусото соопштение на министерството за здравство

Додека јавноста очекува, а експертите бараат марки Омикрон го победи Делта сојот во земјава. И официјално од минатата седмица бројките покажуваат дека дури 68 проценти од новозаразените дошле во контакт со брзозаразувачкиот сој. Во немилост на заразата паднале нови 8300 граѓани односно бројот на заразаата се зголемил за тројно повеќе заболени открива минатонеделниот извештај на инстутут за јавно здравје во кој загрижува и податокот за прележаните граѓаните.

„Од 05 до 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци, а во 104 од нив (68,4%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови. Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од седум пати во однос на претходната недела, дава одговори неделниот извештај на ИЈЗ

Омикрон победува како зараза и ги полни болниците, но бројот на починати граѓани се намалил. 10.383 граѓани се заразени заклучно вчера. Пријавени е 41 смртен случај во 16 градови во текот на изминатата недела, за 32,8% помалку во однос на минатата недела иако бројот на хоспитализирани вртоглаво се зголемува.

„Моментално се хоспитализирани 351 лица (41,0% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 218 се на кислородна поддршка (44,4% повеќе во споредба со претходна недела) и 7 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (22,2% помалку во споредба со претходна недела),“ известуваат од ИЗЈ

Температура, кашлица и малаксаност пријавиле оние граѓани кои побарале помош во болниците. Скопје предводи во заразата, но најголем скок на новозаболени минатата недела имало во Кавадарци. Она што го вклучи алармот кај лекарите и експертите е ширењето на вирусот кај младите. 4,6 пати повеќе заболени се регситирани кај малдите од 20-29 години односно  3,6 пати акј возрасната група 30-39.

Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе