Вести Свет

Панасоник воведува четиридневна работна недела

Електронскиот конгломерат Панасоник е најновата голема јапонска компанија која воведува четиридневна работна недела за заинтересираните вработени, јавија јапонски медиуми.

– Мораме да ја поддржиме благосостојбата на нашите вработени, нагласи извршниот директор на Панасоник, Јуки Кусуми на брифинг со инвеститори.

Во обид да се подобри рамнотежата меѓу работата и животот во земјата, јапонската Влада минатиот јуни препорача компаниите да им дозволат на вработените да се одлучат за четиридневна работна недела.

Веќе неколку големи јапонски компании воведоа четиридневна работна недела.

Многу компании за иновации се обидуваат да привлечат добри работници преку предлози за повеќе викенди. Ова го решава прашањето за ограничен персонал.

Пратениците во Јапонија дискутираат за опцијата за дополнителен слободен ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе