Вести Македонија Најважни

Дали има недоследности и разлики во ПЦР-тестовите направени во различни лаборатории?

Сѐ повеќе болни и сѐ помалку термини за тестирање. Периодот кој е во знакот на порастот на бројките на новозаразени донесе редици за тестирање, со лица кои веќе пројавиле симптоми или пак нивните контакти кои сакаат да се проверат.

А, од акредитираните лаборатории пристигнуваат збунувачки податоци. Додека во некои од главните лаборатории како онаа на Институтот за јавно здравје бројките покажуваат 25 отсто просечен процент на позитивни лица во девет дена, или водечката на Институтот за микробиологија со 54,3% позитивни тестови – во други лаборатории се бележи 0,5 или 1,6 отсто позитивност.

Ова ги отвори и прашањата за тоа што е причината за огромните разлики од лабораторија до лабораторија. Според доктор Кунгуловски прашањата започнуваат од тоа дали се употребуваат тестови со различна сензитивност на вирусот, па до тоа дека некои лаборатории не земаат соодветно материјал за анализа, при што се јавуваат лажно негативни резултати.

Од Институтот за микробиологија одговараат дека постојат различни начини на изведување на анализите, но тоа не треба да влијае на резултатот.

А, додека некои анализираат, институциите си ја префрлуваат одговрноста од една на друга. Државните здравствени инспектори сметаат дека се ненадлежни да проверуваат како се зема брис и дали е можно нискиот процент на позитивни резултати во дел од лабораториите да е показател за неверодостојни резултати од тестирањето.

„Надзорот на стручната работа на здравствените установи, здравствени работници и соработници е во надлежност на Министерството за здравство и коморите, според член 296 од Законот за здравствена заштита. Тоа значи дека и веродостојноста на издадените резултати од PCR тестовите се во надлежност на Министерството за здравство и Лекарската комора“ велат од ДСЗИ.

Од Министерството за здравство во бриф за Телма велат дека оние коишто фалсификувале негативни ПЦР-тестови за што јавноста дозна пред само неколку дена, се предмет на интерес на МВР, а не Здравство.

Во однос на тестовите велат дека се признаени само оние коишто произлегуваат од некоја од лиценцираните лаборатории кај нас.

„Секогаш кога има различни резултати од тестови, се зема предвид позитивниот тест и согласно епидемиолошката анкета и анамнеза, лицето добива решение за изолација одреден број денови. Нашата земја ги следи и применува препораките на СЗО“ велат од Министерството за здравство.

За брзите тестови, од Институтот за микробиологија велат дека да, докажано е дека се помалку сензитивни и може да бидат и нерелевантни во детекција на Омикрон, особено кога станува збор за тестовите коишто не се препорачани од Светската здравствена организација како соодветни антигенски тестови.

Во земјава се продаваат околу пет евра во аптеките, што е ситен трошок во споредба со големите трошоци коишто произлегуваат за тестирање на приватно или пак за закрепнување  со соодветната витаминска терапија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе