Вести Македонија Најважни

Следните две недели се најкритични за овој бран на зараза – Омикрон се шири и ги преполни амбулантите со пациенти

Крајот на месецов ќе даде појасна слика за силината на овој бран на зараза и раширеноста на мутациите во земјава.

Бројките на нови позитивни лица секој ден се сè повисоки што значи дека и покрај тоа што голем број од пациентите ќе го прележат вирусот со полесна клиничка слика што е карактеристика на варијантата Омикрон која станува доминантна, сепак бројноста на инфицираните ќе донесе и притисок врз болниците, предупредуваат инфектолозите.

Во моментов, амбулантите се местата каде што најмногу се чувствува новиот бран.

Прогнозите на инфектологот Фадил Цана се дека клучни се следните две недели за развојот на целата ситуацијата, а за превентивни мерки и рестрикции како во западна Европа, веќе е доцна.

„Наплив на пациенти се очекува во следните две недели, со оглед на калкулациите. Амбулантскиот притисок веќе е доста голем. Ние секогаш доцниме со мерките. Нашиот здравствен систем сите мерки ги донел пост-фестум. Не знам која би била здравата логика на мерките, во случај кога самата варијанта е присутна насекаде. Да не кажам дека цело Скопје има некаква варијанта – дали тоа е зараза со сезонски грип или Омикрон варијантата“ вели доктор Фадил Цана, инфектолог.

Главните и најголеми здравствени капацитети во Скопје не се единствените каде што напливот на пациенти наеднаш се зголеми.

Празничните собири во затворено завршија, а сега голем дел од луѓето се во амбулантската чекалница како последица на истите.

„За жал и во овој бран бројките нагло пораснаа. Во двете амбуланти има во просек по 120 прегледи дневно и тоа навистина е голем притисок за болницата. Но, среќа е што овој бран врви полесно – амбулантски третман со домашно лекување и дневно болничко лекување“ изјави д-р. Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница во Битола.

Утре ќе се знае дали Комисијата за заразни болести ќе препорача некакви нови мерки до Владата, а главното прашање околу коешто ќе се кршат ставовите на здравствените експерти е тоа дали ќе се скрати времето на изолација за граѓаните кои се позитивни како и за различните категории на пациенти во смисла – вакцинирани, невакцинирани и асимптоматски случаи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе