Вести Македонија Најважни

Ковачевски ги претстави министрите од СДСМ во својата влада и најави силен одговор на енергетската криза

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно ги избра новите министри од најголемата владеачка партија , како и програмата на мандатарот Ковачевски. Новиот состав на владата тој утре ќе го достави до Собранието. Во своето обраќање Ковачевски оцени дека станува збор за, како што рече, докажани луѓе во своите сектори. Во однос на приоритетите на својата влада, мандатарот подвлече дека се  справувањето со енергетската криза а за таа цел ќе бидат преземени низа мерки за енергетска стабилност.

Тој и кажа дека  нема да има покачување на даноците бидејќи граѓаните очекуваат стабилност во наредниот период.

СДСМ во владата ќе ги предложи: Славица Грковска, за вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Николовски повторно ќе биде министер за земјоделство, Никола Тупанчевски ќе биде нов министер за правда, додека , Бојан Маричиќ, ќе биде вицепремиер за евроинтеграции.

Славјанка Петровска ќе биде министерка за одбрана, Бисера Костадиновска Стојчевска е предложена за министерка за култура, а Јована Тренчевска за труд и социјална политика.

Фатмир БитиќиБлагој Бочварски и Горан Милевски остануваат на досегашните позиции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе