Вести Свет

Ѓоковиќ за Божик во притвор во Австралија

Новак Ѓоковиќ го поминува вториот ден во Хотелот за мигранти во Мелбурн, каде што ја очекува конечната одлука по неговата жалба, откако му беше одбиена визата за влез во државата…На најдобриот тенисер на светот не му е дозволено официјално да влезе во Австралија заради неисполнување на критериумите за медицинско изземање од задолжителната вакцинација иако претходно две комисии му дадоа зелено светло за учество на првиот гренд слем во сезоната…

Во меѓувреме, по критиките дека Ѓоковиќ не е единствениот тенисер кој добил дозвола за натпреварување во Австралија, австралиските власти ја привеле и чешката тенисерка Рената Ворачова , која веќе одиграла еден тениски турнир.

Таа е пренесена во истиот хотел како и Ѓоковиќ а ќе биде депортирана, иако пред еден месец прележала зараза со Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе