Вести Свет

Вонредна состојба е прогласена во Нур Султан, главниот град на Казахстан

Претседателот Касим Комерт Токаев го потпиша указот за одобрување на прогласување вонредна состојба во главниот град, се наведува во соопштението на веб-страницата на Казахстанското претседателство.

Според тоа, во главниот град Нур Султан е прогласена вонредна состојба помеѓу 5 и 19 јануари.

Во вонредната состојба прогласена за безбедност на јавноста, во градот ќе биде воведен полициски час од 23.00 до 07.00 часот.

Ќе се зголемат мерките на претпазливост за заштита на јавните и стратешките објекти, особено општествениот поредок. Ќе има ограничувања за влез и излез од градот.

Претседателот на Казахстан Касим Комерт Токаев изутрината ја прифати оставката на владата на чело со премиерот Аскар Мамин.

Според соопштението на Претседателството, премиер ќе биде Алихан Смаилов, кој претходно беше вицепремиер.

Поради протестите иницирани против поскапувањето на течниот нафтен гас (ТНГ) во земјата, претходно беше прогласена вонредна состојба во градот Алмати и во провинцијата Мангистау.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе