Вести Свет

Ѓоковиќ „заглавен“ на аеродромот во Мелбурн, доставил погрешно барање за виза

Мелбурн, Австралија и целата спортска јавност со нетрпение очекувааат како ќе се разреши драмата околу пристигнувањето во нивната држава на најдобриот светски тенисер, кој веќе со право може да се нарече и најголем на сите времиња, српскиот играч Новак Ѓоковиќ.

Иако Ѓоковиќ доби специјално медицинско изземање за учество на првиот Гренд Слем турнир во тениската сезона без да биде вакциниран против Ковид-19, кој досега го има освоено 9 пати, по бурните реакции во австралиската јавност, Новак и неговиот тим не можат да ја поминат граничната контрола затоа што наводно доставиле  барање за „погрешна виза“ и граничната полиција не дозволила влез на цел негов тим во земјата, по што одговорните луѓе ја контактирале владата.

Целиот случај доби и политички димензии и прерасна во конфликт меѓу владата на државата Викторија и федералната влада.

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во мелбурн откако добил дозвола за медицинско изземање од вакцинацијата, за што аплицирале 26 играчи од кои неколкумина и добиле одобрување. Но никој не зборува за нив, ниту пак тие официјално потврдиле дека добиле такво изземање.

Целата австралиска јавност сега е фокусирана на Новак и неговото изземање, кое патем тој не е должен никому да го обелодени, заради заштитата на правото на приватност, елементарно човеково право.

Владата во Викторија минатите две години спроведуваше некои од најдраконските анти-ковид мерки на планетата, со исклучително строги карантини и локдауни, но со мал ефект.

Австралија сега се соочува со рекорден број случаи од сојот Омикрон, убедливо најмногу од почетокот на пандемијата и покрај високата стапка на имунизација, па фрустрацијата на жителите на Викторија е сосема разбирлива. Останува да видиме дали Ѓоковиќ, чие барање за медицинско изземање било анонимно и разгледувано од две комисии пред да биде одобрено, сега нема да добие дозвола за влез во Австралија, каде треба да ја брани титулата освоена минатата година во дуелот со Медведев.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе