Ракомет Спорт

Контролните дуели со Израел ќе бидат од затворен тип

Македонската машка ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за настап на Европското првенство. Завршната фаза пред заминувањето за Унгарија ќе се одржи во Скопје, а в понеделник и вторник во А1 арената Борис Трајковски ќе одигра и два контролни натпревари кои ќе бидат од затворен тип.

“Во рамки на претстојното Европско Првенство (Унгарија – Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација со вчерашниот собир во Х. Александар Палас го започна вториот дел од подготовките.

Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а во истиот период (3ти и 4-ти Јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел кои ќе бидат од затворен тип.

Согласно протоколите за учество одредени од Европската Ракометна Федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид – 19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни. Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13.01.2022 во 18:00 часот”, се вели во соопштението за јавност од Ракометната федерација.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе