Вести Свет

Гилајн Максвел е виновна за регрутирање на млади девојки

Цели пет дена и беа потребни на 12-члената порота за да ја прогласи за виновна Гилајн Максвел за регрутирање и трговија со млади девојки за сексуално злоставување од страна на починатиот американски бизнисмен Џефри Епштајн. Тоа значи дека британската социјалистка би можела да го помине остатокот од својот живот зад решетки. Датимот на изрекување на пресудата, по едномесечно судење на кое сведочеа четири жени кои Епштајн ги злоставувал меѓу 1994 и 2004 година, се уште не е одреден. Максвел без емоции на каење ја слушаше пресудата, само се поли со чаша вода од која предходно двапати се напи. Нејзината одбрана најави жалба.

-Цврсто верувам во невиноста на Гислајн. Очигледно, сосема сме разочарани од пресудата. Веќе почнавме да работиме на жалбата и уверени сме дека истата ќе биде прифатена. Здравје на сите, Среќна Нова година, рече Боби Стернхеим, адвокат на Максвел.

Се надевам дека оваа пресуда ќе покаже дека никој не е над законот, рече една од жртвите која за разлика од другите кои имаа свои псевдоними, го користеше своето име за време на процесот. Адвокатот на жртвите ја пофали „храброста“ на злоставуваните жени кои јавно проговорија.

– Мислам дека ова е победа за сите мали деца. Момчиња, девојчиња, жени и мажи кои се жртви на вакви злосторства. Ова ќе им даде дополнителен поттик да започнат да ја кажуваат вистината и, да се надеваме, да ја добијат правдата како и овие млади девојки во однос на г-ѓа Максвел, рече Спенсер Кувин, адвокат на девет жртви на Џефри Епштајн.

Обвинителството тврдеше дека овој синџир на трговија со секс не бил за профит, туку за болно задоволство на двете моќни личности. Максвел, била долгогодишен соработник на осудениот сексуален престапник Епштајн, кој е во затвор од јули 2020 година кога беше обвинета за злоупотреба на тинејџерки, некои од жртвите биле на возраст од 14 години.

Двојката биле дел од влијателни општествени кругови и имала врски со Бил Клинтон, Доналд Трамп и принцот Ендру. Жртвите ги привлекувале со привилегии и ветувања дека ќе им помогнат во кариерата и школувањето.

Гилајн е најмладата ќерка на медиумскиот тајкун Роберт Максвел кој почина во 1991 година, по што таа се сели во Америка, каде тргува со недвижнини.

Иако со Епштајн била во брак само неколку години, таа продолжила да соработува уште долго со него, како што рече обвинителство во градење на „пирамидална шема на злоупотреба“.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе